Шпанија – Унгарија и Белгија – Франција се полуфиналните двојки на Европското првенство (ЕП) за кошаркарки чија завршница се игра во љубљанската Арена Стожице.

Последниот патник во полуфиналето е репрезентацијата на Шпанија која синоќа убедливо ја совлада Германија со 67-42.За Шпанките ова е десетто полуфинале на последните 12. изданија на ЕП.

Во првото четвртфинале, воедно и најдраматично, Унгарија триумфираше над Чешка со 62-61.

Пласман во полуфиналето во четвртокот со убедливи победи обезбедија и Франција, која ја совлада Црна Гора со 89-46, како и Белгија која со 93-53 беше поуспешна од бранителот на титулата Србија.

Полуфиналните дуели се на програмата в сабота, додека натпреварите за медали ден подоцна.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2023 04:06