Белгија и Шпанија триумфираа во полуфиналните пресметки и ќе играат во денешното финале на Европското првенство за кошаркарки во Љубљана.
Белгиската репрезентација обезбеди пласман во финалето совладувајќи ја синоќа во неизвесен натпревар Франција со 67-63, откако претходно во четвртфиналето со совлада и бранителот на титулата Србија.
Противник на Белгијките во дуелот за златниот медал ќе биде Шпанија, која во саботата вечер ја совлада Унгарија со 69-60.