Белгија го освои златниот медал на Европското првенство за кошаркарки, совладувајќи ја синоќа во финалето во Љубљана репрезентацијата на Шпанија со 64-58 (13-17, 12-15, 18-16, 21-10).

За Белгијките ова е прв европски златен медал во историјата, додека Шпанија во своето шесто финале по втор пат го освои сребрениот медал.

Во натпреварот за бронзениот медал, Франција беше поуспешна од Унгарија со 82-68.

За Французинките ова е осми медал во серија на европските првенства, на кои триумфираа во 2009 година, од 2013 до 2021 нанижаа пет сребрени медали, а во 2011 и 2013 дојдоа до бронзата.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2023 10:42