Капитенот на српскиот кошаркарски тим Партизан, Кевин Пантер, ќе потпише двегодишен договор со Барселона, пренесуваат денеска белградските медиуми.

Според истите извори, американскиот кошаркар за двегодишниот договор ќе инкасира шест милиони евра.

Пантер сезонава го предводеше белградски партизан до седмата титула во регионалната АБА лига, прва по една деценија, и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија против градскиот ривал Црвена ѕвезда.

Американецот, исто така, беше еден од клучните кошаркари за пласманот на Партизан во четвртфиналето во Евролигата, во кое белградскиот клуб испушти водство од 2-0 во серијата до три победи против Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2023 16:14