Кошаркарската Евролига денеска ја објави конечната листа учесници во најквалитетното клупско натпреварување за новата сезона во која воведе и нов формат.

Во Евролигата во сезоната 2023/24 ќе настапуваат Партизан, Црвена ѕвезда, Алба, Ефес, Монако, Басконија, Милано, Баерн Минхен, Барселона, Фенербахче, Асвел, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Валенсија, Виртус и Жалгирис.

Воведен е и плеј-ин, како во НБА лигата.

Евролигата прецизираше дека седмо и осмопласираната екипа ќе играат еден натпревар и победникот од тој дуел ќе оди директно во плејофот. Поразената екипа, пак, три денови подоцна ќе игра против победникот од дуелот меѓу екипите кои ќе завршат на деветтото и десеттото месо во регуларниот дел од сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2023 04:01