Бројни американски медиуми наведуваат дека 33-годишната кошаркарска ѕвезда Џејмс Харден поднел барање до клупското раководство да го напушти НБА лигашот Филаделфија.

„Харден и Филаделфија заедно соработуваат во пронаоѓањето нова екипа за кошаркарот“, пишуваат американските медиуми и притоа наведуваат дека во моментов најреални се две опции – Лос Анџелес клиперс и Њујорк, и тоа по тој редослед. Харден, инаку, е роден во Лос Анџелес.

Голем проблем за оваа размена би можел да биде фактот дека важечкиот договор на Харден не може да се продолжи, а истекува за една година кога кошаркарот ќе биде слободен играч.

Харден зад себе имаше одлична сезона во дресот на Филаделфија со просек од 21.6 поени, 6.1 скокови, 10.7 асистенции и 1.2 одземени топки по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2023 21:12