Една од најголемите кошаркарски ѕвезди во НБА лигата, Кајри Ирвинг, договори продолжување на соработката со Далас за тригодишен период.

Како што јавија американските медиуми, вредноста на договорот ќе изнесува 126 милиони долари.

Далас е четвртиот НБА клуб во кариерата на Ирвинг, кој претходно настапуваше за Кливленд, Бостон и Бруклин.

Ирвинг долго време беше во немилост на раководството на НБА и својот поранешен клуб, бидејќи одбиваше да се вакцинира против коронавирусот и поради тоа пропушти повеќе од 50 натпревари за Бруклин.

Пред доаѓањето во Далас беше суспендиран неколку натпревари поради промовирање филм со антисемитска содржина, а, исто така, е заговорник на разни теории на заговор, вклучувајќи го и верувањето дека Земјата е рамна плоча.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2023 18:24