Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз и во вториот контролен натпревар во Скопје против Бугарија, која со пресврт во завршницата обезбеди триумф од 73-63.

Македонските кошаркари влегоа во завршната четвртина со предност од 52-46, но Бугарија со серија од 17-5 го сврте резултатот во своја корист и на крајот забележа победа со двоцифрена разлика.

Најефикасен во македонските редови и воедно на натпреварот беше Најков, кој реализираше 22 поени.

На првиот натпревар одигран во саботата во СРЦ „Кале“, македонските кадети загубија од бугарските врсници со 79-64.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2023 17:12