Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович во 74-тата година од животот го продолжи договорот со Сан Антонио и како што соопшти денеска НБА лигашот ќе го предводи тимот и во следните пет години.

Попович, кој три пати беше прогласуван за тренер на годината во НБА лигата, освои пет шампионски титули со Сан Антонио, откако го презеде клубот во 1996 година.

Ја предводеше и американската репрезентација со олимпиското злато на Игрите во Токио.

Сан Антонио не ги објави финансиските детали од договорот, а ЕСПН јави дека истиот е вреден повеќе од 73 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2023 04:18