Во Јужна Африка падна снег првпат од 2012 година, а метеоролозите предупредуваат дека ќе продолжи екстремно студеното време.

Снег од вчера паѓа во провинциите Гаутенг, Мпумаланга, Истерн Кејп и Фри Стејт.

Во Јоханесбург денеска е забележана температура од еден степен Целзиусов.

- Овие екстремно студени временски услови ќе ги имаме до крајот на неделата, изјави метеорологот Пуселецо Мофокенг.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2023 19:04