Властите покренаа истрага околу ресторан во Кина поради натпревар во јадење полнети кнедли. Гостилницата, имено, е обвинета за кршење на Законот против фрлање храна.

Во Кина, инаку, традиција е пред гостите да се става повеќе храна отколку што може да изедат.

Наградата за оној кој најбрзо изеде 108 кнедли беше бесплатен оброк и титула „Крал со голем стомак“. Сепак, заразниот предизвик ги натера луѓето да претераат со нарачките во ресторанот, коешто предизвика прекумерно фрлање храна, посочуваат надлежните.

Кина, на повик на претседателот Си Џинпинг, воведе регулатива во 2021 година за да се справи со „шокантното и вознемирувачко“ фрлање храна. Но, и по две години од донесувањето на тој Закон, Кинезите сѐ уште се прилагодуваат на него.

Најмалку 34 милиони тони храна се фрлаат во рестораните во Кина секоја година, посочува истражување на надлежните власти од 2020 година.

Некои општини, во овој контекст, како и одделни угостителски објекти, поставија свои правила за борба против фрлањето храна. На пример, Здружението на угостителската индустрија во Вухан ги повика рестораните во таа област - при нарачка на храна во групи, бројот на јадења да мора да биде за еден помалку во однос на бројот на луѓе во групата. Некои ресторани дури и ја мерат тежината на гостинот пред да одредат колку храна му треба нему или нејзе.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2023 10:59