Литванскиот кошаркар Рокас Гиедраитис е најновото, седмо по ред засилување на Црвена ѕвезда во летниот преоден рок, објави денеска белградскиот клуб.

Гиедраитис настапуваше изминатите три сезони за шпанска Басконија, а во Црвена ѕвезда потпиша едногодишен договор.

Изминатата сезона 30-годишниот Литванец имаше просек од 10.4 поени, 5.9 скокови и 1.6 асистенции по натпревар во Евролигата.

Гиедраитис е седмото засилување на Црвена ѕвезда ова лето по Дејан Давидовац, Марко Симоновиќ, Милош Теодосиќ, Адам Хонга, Мајк Тоби и Џоел Боломбој.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2023 21:21