Амбасадата на Република Србија во Република Македонија има честа да објави дека извонредниот српски виолинист Немања Радуловиќ ќе се претстави пред македонската публика во рамките на Српската вечер на престижниот фестивал Охридско лето.

Концертот на прославениот уметник ќе се одржи во вторник, 18 јули 2023 година, со почеток во 21:00 часот на сцената Долни Сарај во Охрид.

Виолинистот Немања Радуловиќ е уметник кој се труди да ги помести границите на класичната музика, што му донесе голем број обожаватели ширум светот кои уживаат во неговите изведби.

Во придружба на камерниот оркестар „Double Sens“, овој прославен уметник ќе изведе програма од неговиот последен албум „Корени“, за кој самиот посочува дека не е стандардна класична музика, туку музички пробив што ја претставува стилизацијата на традиционалните песни на многу народи, од балканскиот фолклор до мелодиите од далечните делови на Кина, Индија и Јапонија.

Ве покануваме да ни се придружите во вторник на 18 јули на сцената на Долни Сарај во Охрид и да го доживеете спојот на традиционалната и светската музика низ најубавите виолински ноти.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2023 04:46