Македонската кошаркарска репрезентација вечер од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи со Чешка во финалето на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 20 години кое се одржува во Скопје.

Чесите синоќа во полуфиналето ја победија Шведска со убедливи 94:74.

Претходно, во првото полуфинале, македонската репрезентација ја совлада украинската селекција со 66:53.

Без оглед на исходот од финалето, и македонската и чешката репрезентација обезбедија пласман во А-дивизијата следната година.

Во групната фаза Чешка ја победи Македонија со 80:75, па вечерашното финале ќе биде шанса избраниците на селекторот Никола Василев да се реваншираат за поразот пред десет дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2023 09:33