Оперската певица Вероника Караколева во Ликовниот салон во Велес синоќа одржа концерт пред своите сограѓани и беше наградена со долги и силни аплаузи.

Публиката имаше убава можност да ужива во највисоките звуци од сопран на Вероника, додека на пијано како и на изминатите концерти повторно ја придружуваше пијанистката проф. м-р Дилек Реџеп.

Таа пееше по дела од Моцарт, Хадџиев, Шопен, Маскањи, Пучини, Верди и Гершвин, а во програмата беше застапен и џезот со оперско пеење.

Во информацијата за МИА, по концертот Вероника Караколева со широка насмевка по напорниот концерт на високи температури потенцира дека е задоволна од својот настап и по реакциите од публиката.

-Јас како уметник и перфекционист каква што сум, задоволна сум од концертот иако секогаш може и повеќе.На концертот пеев по дела од класиката затоа што тоа студирав .Потоа моете пеење го соединив со џезот па се’ до популарни композициите кои и публиката ги знае па и самата ги потпевнува,појасни Караколева.

Таа изминатата година дипломира на Академијата во Софија.

-Мојот напредок во пеењето од концертот во концерт е резултат на мојата макотрпна работа и жртва.Само 1 процент е талентит, а 99 посто е работа,потенцира Караколева.

Информира дека летово имеше турнеја со концерти низ македонските градови,а овој во родниот Велес и е последен од таа турнеја.Воедно настапувала и настапува и во странство, најчество во Р.Бугарија.

Таа ни најави дека на 7 и 8 септември ќе има концерт во Бугарија заедно со Старо Загорскиот оркестар.

-Во септември ме очекува и концерт во Рим, Италија а на овие концерти ќе настапам со пијанистката Дилек Реџеп,информира Вероника.

Воедно потенцира дека за секој концерт има различен репертоар,во зависност од публиката и со кого настапува,.дали со пијанист или со оркестар.

На прашање на МИА на која оперска сцена Вероника Караколева како постојано вработена се гледа за некоја година.

-Како секој млад уметник имам многу големи желби.Можам да издвојам неколку оперски куќи на кои би сакала да работам во иднина: на пример операта во Сиднеј,Метрополитен операта во Њујорк и Ла Скала во Италија. Мојот глас се движи кон Бел Канто пеење најмногу ме влече кон Италија,а и мојот драмскиот сопран ме влече кон Италија. Каде ќе се најде мојата среќа тоа од ден во ден се менува, но сепак натаму ме води мојата цел, појасни младата велешка и македонска певица во подем Вероника Караколева.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2023 10:05