Амар Хот пред вечерашното финале со Чешка на Европското првенство дивизија-Б за кошаркари до 20 години, верува дека македонската репрезентација има сили да го освои трофејот.

- Влеговме во А-дивизијата, но тука не застануваме, одиме по пехарот. Се надевам дека тој ќе заврши таму каде што припаѓа. Ја повикувам цела нација, сите да дојдат да нè поддржат. Македонија има генерации и генерации фантастични кошаркари. Треба да продолжиме по истиот пат... Верувам дека ќе бидеме достојни наследници на Перо Антиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, изјави Хот.

Финалето е закажано за вечер во 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Двете репрезентации беа дел од групата „А“. Во меѓусебниот дуел во групната фаза Чешка победи со 80:75



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2023 19:02