Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија.

Избраниците на селекторот Никола Василев синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од Чешка со 85:72.

И покрај поразот во финалето, црвено-жолтите изборија пласман во А-дивизијата следната сезона.

Во мечот за третото месо Украина ја победи Шведска со 83:61.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2023 08:02