– Македонскиот кошаркарски репрезентативец Теодор Симиќ, во гласањето на тренерите на сите 20 селекции е избран во најдобрата петорка на Европското првенство во Скопје.

Финалниот меч против Чешка, Симиќ го заврши со 23 поени, седум скока и четири асистенции, а просекот на првенството му е 16 поени, 9.1 скок и 2.9 асистенции.

Освен Симиќ, во идеалната петорка на евро-шампионатот Б-дивизија се најдоа уште Чесите, Ондреј Свец и Ондреј Хустак, потоа Феликс Бростом од Шведска и Олександр Кобзистји од Украина.

За МВП на првенството е прогласен Свец.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2023 12:11