НБА-лигашот Оклахома тандер официјално го објави потпишувањето на долгорочен договор со српскиот кошаркар Василије Мициќ.

Според пишувањата на медиумите, страните потпишале тригодишен договор вреден 23,5 милиони долари.

Дваесет и деветгодишниот Мициќ помина пет сезони во Анадолу Ефес. Како дел од турскиот тим, тој двапати ја освои Евролигата (2021, 2022), и двата пати стана МВП на Фајнл-фор.

Минатата сезона Анадолу Ефес стана шампион на Турција, победувајќи го Каршијаку (3-0) во финалната серија. Србинот имаше просек 16,3 поени и 4,6 асистенции по меч.

Во сезоната 2022/23 од Евролигата, Мициќ имаше просек од 16,0 поени, 3,2 скока и 5,4 асистенции по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 13:03