Реал денес го најави враќањето во тимот на Факундо Кампацо. Со 32-годишниот аргентински кошаркар е договорена соработка следните четири години.

Кампацо играше во „кралскиот“ клуб од 2014 до 2020 година, станувајќи двапати шампион на Евролигата (2015, 2018).

Минатата сезона Кампацо беше дел од Црвена ѕвезда. Во Евролигата, дефанзивецот успеа да одигра само девет натпревари, со просек од 15 поени, 5,8 асистенции, 2,8 скока и 1,9 украдени топки.

Во АБА-лигата на 24 натпревари Аргентинецот има просек 13 поени, 6,5 асистенции, 2,8 скока и 2,1 украдена топка.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 15:59