– Македонскиот велемајстор и член на шаховскиот клуб Алкалоид, Влатко Богдановски, во чест на Светскиот ден на шахот, одигра симултанка на 15 табли во Градскиот парк во Свети Николе.

Иницијативата за настанот беше да се даде импулс за обновување на шаховскиот клуб во оваа општина, каде што во моментов функционира само шаховска школа.

Тоа се одрази и врз учесниците, кои во најголем број беа млади шахисти, меѓу кои освен од Свети Николе учествуваа и од Кочани и од Скопје.

Седумкратниот македонски шаховски првак Богдановски, кој повеќе децении е член на ШК Алкалоид, оствари 12 победи, а забележителен настап имаа двајца млади шахисти, Илијана Велева (10) и Матеј Диванисов (11 години), кои изборија реми.

Третото реми против Богдановски го запиша Николче Донев.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2023 14:52