– Младиот 17-годишен италијански велосипедист Џакопо Венцо почина изминатата ноќ, подлегнувајќи им на повредите што ги здоби за време на трка, соопшти денеска официјално неговиот тим.

Венцо настапи на јуниорска трка во Австрија и доживеа пад на спуст делница. Веднаш беше пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.

Ова е втора смрт на велосипедските патеки во Европа за нешто повеќе од еден месец. На сличен начин почина и 26-годишниот Швајцарец Гино Мадер на трка околу Швајцарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2023 14:56