Американската пливачка Кејти Ледецки дојде до својот 20 златен медал на светски првенства, откако триумфираше на денешната трка на 1.500 метри слободен стил во јапонскиот град Фукуока.
Седумкратната олимписка победничка Ледецки влезе во трката како апсолутен фаворит и исплива 1.500 метри за повеќе од 13 секунди побрзо од Италијанката Симоне Квадареља.
Бронзениот медал го освои Ли Бингџи од Кина.
„Навистина сум задоволна од денешниот исход. Едноставно многу се забавувам тука оваа недела“, изјави Ледецки.