Репрезентациите на Унгарија и на Грција ќе се борат за шампионскиот трофеј на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Фукуока, Јапонија.

Ова е епилогот по двата денешни полуфинални натпревара.

Во првото полуфинале Грција со убедливи 13:7 (3:2, 3:0, 3:3 и 4:2) ја победи Србија.

Унгарците во второто полуфинале кое беше понеизвесно и драматично, ја совлада Шпанија со 12:11, иако на половина од мечот Шпанците водеа со 6:4.

Завршните натпревари во ватерполо машка конкуренција ќе се играат в сабота. Од 6 часот е мечот за 3.место во кој ќе се сретнат Србија и Шпанија, а финалето е закажано за 11 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2023 17:31