– Повратникот во македонската кошаркарска репрезентација, Андреј Маслинко, најави игра на победа на секоја натпревар на олимписките претквалификации во Талин.

- Да бидам искрен, не ги познаваме доволно ростерите на противниците. Јас се надевам на успешни игри. Ќе одиме максимално, до крај. Ќе одиме на победа на секој натпревар. И се надевам дека можеме да се надигруваме со сите селекции кои ќе бидат таму во Талин, изјави Маслинко за КФСМ.

Македонските кошаркари подготовките во наредниот период ги извршуваат во салата на СРЦ „Кале“.

Претквалификациите во Талин, Естонија, стартуваат на 12 август. Македонската репрезентација за противници покрај домашната селекција ќе ги има уште и Чешка и Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2023 00:16