Синот на најдобриот стрелец на сите времиња во НБА лигата, 18-годишниот Леброн Рејмон „Бруни“ Џејмс јуниор, е во стабилна здравствена состојба и ја напушти болницата „Седар - Синаи“ во Лос Анџелес, откако во вторникот за време на тренингот со екипата на Универзитетот од Јужна Каролина доживеа срцев удар и во бессознание беше пренесен во болница.

„Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои испраќаат пораки со љубов и молитви до моето семејство“, напиша таткото на младиот кошаркар, прославениот Леброн Џејмс, на платформата за размена на пораки X, до неодамна позната под името Твитер.

„Кога ќе бидеме подготвени ќе имаме повеќе да кажеме, но сакав на сите да им кажам колку многу вашата поддршка ни значеше“, додаде Леброн Џејмс.

Бруни, највозрасниот син на Џејмс, во октомври ќе наполни 19 години и тогаш ќе го исполни условот за деби во НБА лигата во 2024 година.

Ѕвездата на ЛА Лејкерс и најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс, во минатото рече оти се надева дека ќе има можност да заигра во иста екипа со својот син.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2023 18:28