Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација ќе се бори за пласман од 13 до 16 позиција на Европското првенство од Б дивизијата, откако синоќа во португалскиот град Матосињос загуби од Унгарија со 86-70.

Уште во раната фаза од натпреварот што одлучуваше која од двете репрезентации ќе разигрува за пласман на 9 место, Унгарците се стекна со солидна предност и на полувреме имаа во водство од 44-34.

Второто полувреме не донесе посериозни промени, ниту во играта на македонскиот состав, ниту во резултатот.

Унгарците ја зголемија предноста која ја стекнаа во првото полувреме и стигнаа до заслужен триумф.

Шошкиќ со 14. реализирани поени беше најефикасен во македонската репрезентација, која вечерва од 21:30 ќе игра против Естонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2023 11:22