Еден од најголемите шпански тореадори Хулиан Лопез Ескобар, попознат како „Ел Хули“, објави на 41-годипна возраст дека прекинува со борбите со бикови на крајот на сезоната.
„Дваесет и пет години откако станав тореадор, ве известувам за својата одлука да престанам со борбите со бикови на крајот на сезоната“, објави Ескобар на социјалните мрежи.
„Ова не е пензионирање, ова е крај на една величествена етапа во тешката професија“, порача познатиот шпански тореадор, додавајќи оти сака повеќе да му се посвети на семејствата и на други активности во животот.
На почетоците на неговата кариера, поради младоста, не му беше дозволено да се натпреварува во главните арени во Шпанија, поради што на 15-годишна возраст замина за Мексико каде стекнуваше тореадорско искуство. Со 15 години стана најмлад професионален тореадор, а две години подоцна стана и најплатен.
Во текот на својата две и пол децениска кариера беше повреден дури 18 пати по борбите со бикови, а неколку пати беше и сериозно избоден