Милош Миленковиќ од Србија е назначен за втор селектор на македонската репрезентација во пинг-пинг, одлучи Управниот одбор на федерацијата по предлог на Стручната комисија.
- Заедно со првиот селектор Сашко Богатинов Миленковиќ ќе работат на ефикасни подготовки и подобри претставувања на репрезентативците на меѓународните натпревари и првенства. Се засилува и тимот на тренери. Досега со репрезентативците и потенцијалните наши претставници на меѓународните натпреварувања работеа Зоран Јованоски и Димитрије Жогоски. Со цел зголемување на капацитет покрај Јованоски и Жогоски со младите пинг понгари ќе работат Амелија Николов, Мартин Стаменковски, Ѓоко Јочкоски и Филип Младеноски. За нас е важно назначувањето на високо квалитетен селектор, како што е Миленковиќ, но и тренерскиот тим кој ја вклучува и Амелија Николов, веќе докажана пинг понгарка со многу искуство позади себе, соопшти денес Пингпонгарска федерација на Северна Македонија.
Миленковиќ има тренерско искуство. Бил тренер на српската репрезентација, а моментално настапува како играч во српската Супер лига.