Генералниот менаџер на кошаркарската репрезентација на САД, Грант Хил, му потврди на инсајдерот Марк Стајн дека центарот на Филаделфија, Џоел Ембиид, би можел да игра за Американците на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

- Џоел Ембид е неверојатно талентиран играч и има неколку опции. Разговарав со него, тој знае за нашата желба да го вклучиме во нашата програма. Па да видиме каде води ова. Додека правиме планови за следното лето, сигурно ќе ги продолжиме овие разговори и се надевам дека дотогаш ќе можам попрецизно да ја проценам веројатноста Ембид да го избере тимот на САД, рече Хил.

Актуелниот МВП на НБА-лигата неодамна доби француско и американско државјанство.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 22:05