Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид, традиционално денеска на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон.

На патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид во должина се пријавени пеесеттина пливачи од Македонија и странство, поделени во две категории - пливачи постари од 16 години старост и пливачи родени 2008 година и помлади.

Стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваат во 10:30 часот, додека втората група час подоцна. Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу пладне.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2023 14:26