Јапонската тенисерка Наоми Осака откри дека е решена да се врати на терените по раѓањето на бебето. На 11 јули Осака роди ќерка.

- Никогаш не мислев дека ќе се вратам на турнеја ако имам бебе. Но, чувствувам дека тоа беше магичен момент за мене. Навистина сакам да работам напорно. Играм тенис од мојата тригодишна возраст и сакам да уживам во времето што ми е одвоено за овој спорт, изјаво Осака за „Mountaintop Conversations“.

Дваесет и петгодишната Осака направи пауза од кариерата. Таа е двократна победничка на Австралија Опен во 2019 и 2021 година и на УС Опен во 2018 и 2020 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2023 17:02