Натурализираниот Американец Ти Џеј Шортс кој со репрезентативните колеги во македонскиот национален тим се подготвува за претстојниот претквалификациски турнир за Олимписките игри 2024 ја смени клупската средина за новата сезона.

Шортс потпиша едногодишен договор со францускиот прволигаш Париз Баскет каде ќе се пресели од редовите на бундеслигашот Телеком Баскет Бон.

Еден од најдобрите плејмејкери во Европа изминатата сезона ја освои титулата во ФИБА – Лигата на шампиони и беше прогласен за најкорисен играч во Бундеслигата.

Шортс ќе биде дел од македонската репрезентација која од 12 до 15 август во Талин против Естонија, Чешка и Израел ќе настапи на претквалификацискиот турнир за пласман на ОИ 2024.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2023 10:36