Македонската репрезентација денес ќе се соочи со Франција во второто коло на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се одржува во Скопје.
Во првото коло вчеравечер „црвено-жолтите“ ја победија Белгија со 63:57. На другиот натпревар од Б-групата, Литванија беше поуспешна од Франција со 102:94.
Вкупно 16 репрезентации поделени во четири групи учествуваат на шампионатот во Скопје. Во следната фаза, осминафиналето, ќе се пласираат сите селекции.
Главната цел на избраниците на селекторот Александар Јованчев е да изборот опстанок во А-дивизијата, а то азначи избегнување на едно од последните три места.