Најтрофејниот македонски кошаркарски тренер Марин Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово кој се натпреварува во Втората кошаркарска лига.

- Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти.

Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години, информираат од МКК Куманово.

Младински кошаркарски клуб Куманово е формиран во 2018 година и се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2023 19:00