Федерико Бајамонтес, првиот Шпанец кој во 1959 година триумфираше на „Тур де Франс“, почина на 95-годишна возраст, објави денеска градоначалникот на Толедо од каде потекнуваше еден од најдобрите светски велосипедисти во историјата.
„Со длабока тага го оплакуваме заминувањето на Федерико Мартин Бајамонтес, орелот од Толедо, спортска личност која го издигна името на нашиот град до највисоко ниво“, објави градоначалникот Карлос Веласкез на социјалните мрежи.
„Првиот Шпанец кој го освои Тур де Франс беше дел од спортската историја на нашата земја, со повеќе од 74 победи во кариерата“, додаде градоначалникот на Толедо.
„Орелот од Толедо“, прекар кој му го даде еден француски новинар, прв пат се појави на „Тур де Франс“ во 1954 година и шест пати триумфираше на брдските патеки (1954., 1958., 1959., 1962., 1963., 1964.) во свои десет учества на велосипедската трка во Франција