Данската тенисерка Каролина Вознијацки ја победи Австралијката Кимберли Бирел во првото коло на ВТА 1000 турнирот во Монтреал (Канада) - 6:2, 6:2. Средбата траеше 1 час и 38 минути.
Триесет и тригодишната Вознијацки се врати на професионалниот тенис по три години и 8 месеци по раѓањето на две деца.
Следна ривалка на Данката во Монтреал ќе биде Маркета Вондрушова од Чешка.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 2,8 милиони долари