Кошаркарот на Летонија и Бостон селтикс, Кристапс Порзингис може да го пропушти претстојниот Мундијал поради проблеми со стапалото, објавија летонските медиуми.
Порзингис се пресели од Вашингтон во Бостон ова лето во тринасочна размена на играчи со Мемфис.
Светското првенство во 2023 година ќе се одржи од 25 август до 10 септември.
Летонија ќе игра во Х-групата заедно со Франција, Канада и Либан.