Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо потврди денеска дека нема да биде дел од националниот тим на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

„Сите знаат колку е големата мојата страст и љубов кон репрезентацијата и тоа никогаш нема да се промени. Од завршувањето на НБА сезоната, го туркав моето тело до крајни граници за да бидам подготвен да му помогнам на тимот да ги оствари целите кои ги поставивме“, напиша кошаркарот на Милвоки на социјалните мрежи, додавајќи оти, сепак, не успеал навреме да се рехабилитира.

„По неколкумесечна работа и неколку состаноци со медицинскиот тим, сепак, јасно е дека не сум подготвен да се натпреварувам на нивото кое е потребно за Светско првенство“, додаде Адетокумбо.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2023 04:28