Британскиот тенисер Енди Мареј се повлече од турнирот во Синсинати, соопшти прес-службата на АТП-турнирот.

Триесет и шестгодишниот Британец во првото коло требаше да се сретне со Русинот Карен Хачанов.

Претходно од турнирот поради повреда се повлече и украинската тенисерка Елина Свитолина.

Во 2023 година, поранешниот светски рекет број еден, Енди Мареј освои три трофеи на Челинџер турнири.

Мастерсот во Синсинати (САД) трае до 20 август



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2023 19:04