Првиот светски рекет Карлос Алкараз утринава во второто коло во Синсинати го победи Џордан Томпсон (Австралија) со 2:1, по сетови 7:5, 4:6 и 6:3. Шпанецот прв сезонава стигна до 50 победи. Алкараз има само пет порази во 2023 година
За јубилејната победа на шпанскиот тенисер му беа потребни два часа и 48 минути.
Во следното коло, Алкараз ќе се соочи со Југо Амбер (Франција) или Томи Пол (САД), кој го победи во Торонто.