Поранешната ѕвезда на НБА, Стефон Марбери, призна дека би бил среќен доколку кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден, се пресели во кинеската лига.

- Секогаш е убаво да се видат момци од НБА како пробуваат во Кина. Ако Џејмс игра во Кина, тоа ќе биде добро за кошарката. Сепак, мислам дека Харден нема да дојде во кинеската лига. Според мене ќе добие уште еден голем НБА договор, изјави Марбери.

Марбери играше во Кина од 2010 до 2018 година. Сега е главен тренер на Пекинг Ројал Фајтерс.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2023 07:33