Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи во ноќеска во четвртфиналето на турнирот во Синсинати. Во два сета вториот светски рекет го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:0 и 6:4. Натпреварот траеше 1 час и 2 минути.

Триесет и шестгодишниот Србин имаше два аса, четири двојни грешки и пет од пет реализирани брејк топки. Дваесет и петгодишниот Американец еднаш сервираше ас, направи четири двојни грешки и ја реализира својата единствена брејк шанса.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Германецот Александар Зверев.

Наградниот фонд на Мастерсот во Синсинати изнесува 6,6 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2023 21:04