Тенисерката од САД, Коко Гауф вечерва ја победи Каролина Мухова со 6:3 и 6:4 во финалето во ВТА-турнирот во Синсинат и. Американката ја освои петтата титула во кариерата и прва ниво на ВТА 1000.
Во понеделник Гауф ќе стане шести рекет на светот.
Наградниот фонд на женскиот дел од турнирот во Синсинати изнесуваше 2,8 милиони долари.
Гауф е првата тенисерка по Вознијацки која освоила пет титули пред нејзиниот 20. Роденден. Таа сега има 19 години и 160 дена и е најмладата шампионка на овој турнир.