Српската атлетичарка Ивана Вулета ги сподели своите впечатоци по освојувањето на златниот медал на Светското првенство во атлетика. Таа вчера во Будимпешта, во скок во далечина со резултат 7,14 метри постави нов државен рекорд и го освои златото.
- Толку долго го чекав овој момент. Конечно да го освојам тој златен медал и да скокнам нов личен рекорд, тоа е најубавиот остварен сон. Ова е потврда дека искуството е всушност мојот најголем сојузник. Не се сомневав дека сум подготвена за тоа. Само чекав се да се поклопи едно со друго. Атмосферата беше како да се натпреварувам дома. Имав поддршка од девојките со кои скокав. Ова се навистина моменти за кои вреди да се живее. Кога ќе го доживеете најубавото нешто, со присуство на вашите најблиски, секој кој поминал низ него знае колку е апсолутно бесценето.
Златниот медал од Светското првенство на Ивана Вулета екс Шпановиќ е единствениот медал кој и недостасуваше сега е во нејзините витрини.