- Американската тенисерка Венус Вилијамс се повлече од турнирот во Кливленд, соопшти прес-службата на ВТА.
- Многу ми е жал што нема да можам да настапам во Кливленд. Отсекогаш сум сакала да играм тенис во мојата земја, па со нетрпение го очекував овој турнир. Но, за жал, моето колено едноставно се однесува лошо. Ќе работам на себе и ќе се обидам да бидам како што треба до поечтокот на УС Опен, рече Вилијамс.
Во првото коло 43-годишната Вилијамс требаше да се соочи со 16-годишната Русинка Мира Андреева.
Вилјамс за настап на турнирот во Кливленд доби специјална покана од организаторот.