- Во Ликовниот салон во Велес вечер во 19 часот ќе биде отворена Монографско ретроспективна изложба „Бојата низ музика” од академскиот сликар Ангел Петров од Велес. Со изложување на 300 дела од Ангел Петров, неговото семејство ќе одбележи 90 години од неговото раѓање.

Од неговото семејство информираат дека изложбата е посветена на граѓаните на Велес – пријатели и љубители на неговото ликовно творештво.

Ангел Петров почина на 4 јули 2020 година.Тој во текот на својот живот учествувал на над 200 групни изложби и имал 58 самостојни изложби во земјава и 11 во странство.

Од 1963 до 1993 година работеше како професор по ликовна уметност во велешките средни училишта.

Ангел Петров е добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои и наградата на животно дело „Гемиџии“ за 2004 година што ја доделува Општина Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2023 00:05