Ветеранот на шпанската репрезентација Руди Фернандез искрено призна дека не го смета тимот за фаворит за освојување на Светското кошаркарско првенство кое започнува на 25 август.
- Ќе бидам крајно искрен и транспарентен. Не сакам ова да биде погрешно разбрано, но не сум сигурен дека Шпанија повторно ќе биде светски шампион оваа година. Секако дека ќе работиме и ќе се залагаме за ова. Минатото лето, исто така, не очекував дека ќе го освоиме Евробаскетот. Но, тоа се случи, како и во 2019 година (Шпанија стана светски шампион). Парчињата од сложувалката се вклопуваат во јасна слика, имате можност. Тоа се случува во спортот. Ако успеете да ја искористите вашата шанса, можете да победите. Никој не не нарече фаворити на Евробаскетот, но секој пат игравме подобро. На ова Светско првенство треба да ги разбереме нашите грешки и да се обидеме да ги исправиме. Велат дека можеме да бидеме меѓу петте најдобри селекции на Мундијалот. Со оглед на тимовите кои учествуваат - Франција, Германија, Канада, САД, Словенија - нема да изгледа толку лошо, рече Фернандез.
На претстојното Европско првенство Шпанија ќе игра во Г-групата заедно со селекциите на Иран, Брегот на Слоновата Коска и Бразил.