Српскиот кошаркарски великан Црвена ѕвезда преговара со рускиот играч Алексеј Швед, објави „Телеграф.рс“.
Интерес за поранешниот играч на ЦСКА покажуваат и кинески клубови и уште еден клуб од Евролигата.
На почетокот на август, ЦСКА објави дека34-годишниот Швед го напуштил тимот откако му истече договорот.
Руските медиуми претходно шпекулираа дека Швед е наклонет кон преселба во кинеската лига и е во преговори со тимот на Шандонг.