Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сподели своите очекувања за претстојната трка за Големата награда на Холандија.
- Се радувам на вториот дел од сезоната и нема подобар начин да се започне од Холандија. Тоа е неверојатна патека и, се разбира, неверојатни фанови, па дефинитивно сум возбуден што се враќам во татковината. Ќе дадеме се од себе за да освоиме максимален број бодови, изјави Верстапен за клупскиот сајт на Ред Бул.
Верстапен е двократен светски шампион во Формула 1. Оваа сезона, 25-годишниот холандски возач на тркачки автомобили води во поредокот кај возачите со 314 бодови.
Трката за ГН на Холандија ќе се вози од 25 до 27 август.